239
Атлетико Мадрид ја помина Барселона во полуфиналето од Купот на Шпанија, а Антоан Гризман имаше слатка одмазда кон својот поранешен клуб.
Иако играше за Барселона, Гризман очигледно нема добар однос со каталонскиот клуб, а омразата е взаемна.
При една победа на Барселона над Атлетико Мадрид, Каталонците го истролаа Гризман објавувајќи фотка на социјалните мрежи како тие се радуваат, а Французинот тажно гледа.
Очигледно таа фотографија го допрела Гризман кој по синоќешниот меч го возврати ударот.
Тој објави фотографија како се радува, а играчите на Барса лежат тажни на тревата покрај него и напиша: „Дали оваа фотографија е премногу груба?“.