160
Гризман кога потпиша за Барселона го одбра бројот 17, бидејќи седмицата која ја преферираше беше зафатена од Кутињо. Бразилецот си замина во Баерн Минхен но Французинот не може да го земе неговиот број.
Проблем е тоа што Гризман веќе одигра официјален натпревар со бројот 17. Дуелот со Атлетик Билбао. Правилата велат дека тој не може да го промени бројот до крајот од сезоната ако веќе еднаш излегол на теренот со него.
Но, Гризман може да го носи дресот со бројот 7 во Лигата на шампионите. УЕФА исто така дозволува еден играч да носи само еден број во нивните натпреварувања, но Барселона се уште нема настап во ЛШ оваа сезона, па Французинот може да ја одбере седмицата за во Европа.