Французинот
минатото лето беше на чекор до преселба во Барселона, но реши да остане верен
на Атлетико и да стави потпис на нов договор според кој стана најплатен играч
на „Ванда Метрополитано“ со примања од 23 милиони евра по сезона.
Но по
елиминацијата во Лигата на шампионите уште во осминафиналето се појавија стории дека Антоан Гризман
размислува за нов предизвик и повторно се вратија гласините за негов трансфер
на Камп Ноу.
Според Мундо
Депортиво, играчот до лидерите на Барса веќе испратил порака дека жали за
одлуката од минатото лето. Со цел да ги убеди „каталонците“ одново да размислат
за негов ангажман и да платат 120 милиони евра, Антоан Гризман им кажал дека е
подготвен да направи големо финансиско жртвување.
МД вели дека
напаѓачот е подготвен да прифати значително помала плата за да заигра покрај
Лео Меси следната сезона, и се сложува на Камп Ноу годишно да заработува 16
милиони, наспроти сегашните 23 милиони евра во Мадрид.
Дали ова ќе биде
доволно за Антоан Гризман да го убеди бордот на Барса да вложат во него а не во
млад фудбалер (Лука Јовиќ се посочува како главна цел) останува да се види.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.