Франција со 4-2
триумфираше во финалето над Хрватска и стигна до златото на СП 2018.
„Триколорите“ поведоа со автоголот на Манџукиќ, но „Ватрените“ брзо се вратија
преку Перишиќ.
На полувреме
Франција сепак замина со предност откако токму Перишиќ несреќно играше со рака
во шеснаесетникот, а Питана по консултацијата со ВАР покажа на белата
точка.
Антоан Гризман ја превзеде одговорноста и ја изведе најстрогата казна. По
крајот на мечот, фудбалерот на Атлетико Мадрид откри дека сакал да го копира
Зинедин Зидан, кој во финалето во 2006 против Џиџи Буфон ладнокрвно шутираше со
паненка. Но напаѓачот
очигледно нема дрскост и храброс како легендарниот Зизу па се решил да не експериментира.
„Се двоумев дали
да шутирам паненка како Зидан“ – вели Гризман. „На крајот одлучив да пласирам“.
Што се однесувам
до триумфот на Светското првенство и победата над Хрватска, тој додава: „Не
знам каде се наоѓам! Многу сум среќен, ова беше навистина тежок меч, Хрватска одигра
голем натпревар. Со нетрпение чекаме да го подигнеме трофејот и да го вратиме
во Франција“.
За тоа каква беше
мајсторијата на Зинедин Зидан можете да погледнете подолу: