Гризман е веќе минато, Жоао Феликс ја доби „7-та“ во Атлетико (ФОТО)

by
2 минути читање

Антоан Гризман
можеби се уште е под договор со Атлетико, но тој е веќе минато за „колчонероси“.
Вечерва беше потврден рекордниот трансфер на Жоао Феликс, кој треба да биде
нова ѕвезда и иднината на клубот.

Португалецот ја
доби токму „7-та“ која до минатата сезона стоеше на грбот на Антоан Гризман.

„Жоао Феликс ќе
го носи бројот 7. Младиот талент од Португалија, кој веќе дебитираше во
сениорската репрезентација со само 19 години, доаѓа во нашиот клуб да ги
демонстрира огромните технички квалитети. Во својата прва сезона во елитниот
европски фудбал постигна 20 погодока и забележа 11 асистенција“
– се вели во
соопштението.

Се очекува во
скоро време Антоан Гризман да си најде нов клуб. Барселона е следната
дестинација и се шпекулира дека следната недела ќе биде неговата промоција.

Прочитајте и:

Јоао Феликс е нов фудбалер на Атлетико, Бенфика доби рекордни 126 милиони евра а Порто само трошки

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани