Офанзивецот на
Атлетико Мадрид, Антоан Гризман и шпекулациите за негов трансфер во Барселона
се сапуница, а ланското лето Французинот преку документарец објави дека
останува во Атлетико Мадрид, наспроти можноста да направи трансфер на Камп Ноу.
Неколку месеци
потоа, приказната за неговата иднина не запре, а Барса на лето ќе има можност
да го добие неговиот потпис за 120 милиони евра, доколку посакуваат такво
нешто, но, Кадења Сер пишува за другата страна на оваа приказна.
Откако ја одби
можноста да се пресели во Барселона, Гризман стана непожелен лик на Камп Ноу,
навивачите го искажаа тоа со свирежите во последното дерби кое му припадна на
Каталонците во Примера, а тој е непожелен и во соблекувалната на таа екипа.
„Фудбалерите на
Барселона не го сакаат Гризман, а управата на клубот е добро запознаена со тоа“
вели Ману Карено во изјавата за Кадења Сер.