1,8K
Џек Грилиш уште во петтата минута постигна гол против Лестер во натпреварот кој го доби Манчестер Сити со 2-0.
Тој го даде голот и погледна кон небото, тоа е прослава за неговиот брат кој умрел пред 25 години.
„Мојот мал брат почина на денешен ден пред 25 години. Овој ден секогаш е тежок за моето семејство но среќен сум што дадов гол“, открива Грилиш.
„Мајка ми и татко ми беа тука. Овој ден е тежок за нив, па тоа што дадов гол и победивме е фантастично“.