„Грифолс“ негира дека Камп Ноу ќе го носи нивното име

by
1 минути читање

Информациите од Шпанија велеа дека Барселона и Грифолс се во напредни преговори и наскоро ќе го комплетираат договорот кој треба да трае три декади во кои стадионот ќе го носи името Ноу Камп Грифолс.

За ова Барселона ќе добие 340 милиони евра, но од компанијата Грифолс ги негираат ваквите информации.

„Со сета почит за сториите за преговори меѓу Грифолс и Барселона за правата на името на Камп Ноу, компанијата не размислува за спонзорства од овој тип“ – соопштуваат од фармацевската компанија.

Грифолс е компанија од Барселона која се наоѓа на топ 35 листата на најдобри компании во Шпанија. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани