161
Давид Фернандез Борбалан ќе ја има улогата на главен судија во финалето од Купот на Грција, негови асистенти ќе бидат Кабањеро Мартинез и Жозе Мануел Матијас Кабаљеро.
Ваквата одлука на Грчката фудбалска федерација доаѓа по големите инциденти на 11 март токму на мечот помеѓу АЕК и ПАОК. Тогаш Газдата на ПАОК, Иван Савидис незадоволен од судиска одлука влезе со пиштол на теренот.
На ПАОК му беа одземени бодови, па АЕК полесно од очекувањата го освои трофејот во лигата. Сега ПАОК посакува со титулата во купот да ја спаси сезоната.