Грција приреди огромно изненадување откако вечерва ја совлада Англија со 1-2 на Вембли и за прв пат во својата историја се радува на триумф над „трите лава“.
Ли Карсли како привремен селектор на Англија стартуваше со две победи, но вечерва ја промаши тактиката и изборот на играчи. Натпреварот го почна со лажна 9-ка, па кога тоа не функционираше, во игра уфрли двајца напаѓачи.
Грција знаеше како да го искористи ова, па приреди огромно изненадување и славеше со 1-2 на Вембли.
Павлидис го отвори резултатот на стартот од вториот дел, напаѓачот погоди по втор пат во 83. минута но голот беше поништен поради офсајд.
Белингем четири минути подоцна изедначи на 1-1, и кога се чинеше дека „трите лава“ ќе избегнат пораз, Павлидис во 94. минута повторно го матираше Пикфорд за огромно славје и прва историска победа над Англија.
Репрезентативците на Грција овој триумф му го посветија на починатиот Џорџ Балдок, кој трагично го загуби животот, се удави во базен.