186
Струга Трим Лум го официјализираше најновото засилување во одбраната, грчкиот дефанзивец Кирјакос Мазулуксис стави потпис и ќе биде дел од тимот во новата сезона.
Станува збор за 28-годишен играч со богато искуство во грчкиот фудбал, каде настапуваше во Суперлигата за клубови како Ерготелис, Арис, Ламиа, Ханија и Кифисијас. Последен клуб му беше Паниониос, од каде доаѓа во таборот на стружани.
Стружани продолжуваат со подготовките за новата сезона и ќе одиграат уште три пријателски натпревари со противници: косовски Лапи, албански Скендербеу и домашниот ГФК Охрид.