Арапите не видоа многу аир од трансферот на Нејмар, но затоа пак Бразилецот може да се пофали дека заработил 150 милиони евра со само пет одиграни натпревари.
Минатото лето, Саудиска Арабија реши да вложи големи пари за да го донесе Нејмар, на ПСЖ му беше платено обесштетување од 90 милиони евра, а на играчот му беше даден двегодишен договор тежок фантастични 300 милиони евра.
Но Арапите не видоа многу аир од трансферот, Нејмар во октомври месец заработи тешка повреда, ги оштети вкрстените лигаменти и менискусот на левото колено, па долго време е надвор од стројот.
Последните информации велат дека тој паднал на лекарските прегледи кои биле направени неодамна и се проценува дека ќе му бидат потребни уште два месеци да се опорави од тешката повреда.
Тренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус смета дека Бразилецот овој месец не треба да биде регистриран за настап во првенството на Судиска Арабија, и пријавата треба да биде поднесена дури во јануари, кога напаѓачот ќе биде целосно фит.
При едно вакво ценарио, Нејмар повеќе од една година нема да има настап во Ал Хилал, но и покрај тоа убаво ќе си наплати. Со оглед на тоа дека до овој момент има само 5 настапи, Бразилецот заработи 30 милиони евра по натпревар во Саудиска Арабија.
Тешок дека некој друг може да се пофали со вакви бројки.