Пред само неколку
дена медиумите шпекулираа дека на Оле Гунар Солшер му прети отказ и дека
средбите со Тотнем и Манчестер Сити можат да му пресудат на Норвежанецот.
Но откако во
средата ја доби пресметката со Жозе Мурињо, Оле Гунар Солшер вечерва го
надмудри и Пеп Гвардиола. Манчестер јунајтед пристигна на Етихад како голем
аутсајдер, но со одлична игра заслужено стигна до триумф од 1-2.
„Ѓаволите“ знаеа
што сакаат и со директна и брза игра му создаваа огромни проблеми на
противникот, Едерсон два пати спречи, но не можеше ништо кога Рашфорд од белата
точка рутински реализираше за 0-1. Бразилецот беше немоќен и при обидот на
Марсијал, кој милиметарски точно биеше по земjа на прва статива за 0-2.
Манчестер Сити го
имаше поседот на топката и притискаше, но домаќините практично и да не креираа 100%
шанса. Голот кој го постигнаа во финишот падна од корнер, Де Хеа тргна па
застана а Отаменди со глава намали на 1-2. Веднаш потоа Марез имаше прилика да
изедначи но Де Хеа одбрани.
Пеп Гвардиола
сигурно ќе има замерки за судиите окако две играња со рака на Линделоф и Фред во
шеснаесетникот не беа санкционирани, а на спротивната страна, пеналот од кој
падна водечкиот гол беше досуден со помош на ВАР.