302
Maкедонскиот фудбалер Александар Трајковски е нов фудбалер на Локомотива Загреб, објавија хрватските медиуми.
Локомотива не го потврдила трансферот, но информациите од Хрватска се дека работата е завршена и Трајковски како слободен играч ќе потпише договор.
За македонскиот напаѓач ова е враќање во Хрватска по периодот без ангажман откако го напушти Хајдук. Интересно е што токму против Локомотива како играч на Хајдук го одигра најдобриот натпревар во кој постигна хет-трик во последното коло од сезоната 2023/2024.
Покрај Хајдук, Трајковски во минтото го носеше дресот и на Интер Запрешиќ, па Локомотива ќе биде негов трет клуб во Хрватска.