Како што стојат работите, легендарниот Франческо Тоти наскоро повторно ќе биде дел од Рома.
Реномираната„Газета дело Спорт“ објави дека Тоти е многу блиску до нов ангажман во Рома, осум години по разделбата со клубот, кога заврши неговата кратка функционерска епизода во раководните структури на „волчицата“.
Според информациите, семејството Фридкин во изминатиот период ги интензивирале разговорите со поранешниот капитен. Неговото присуство на натпреварот против Каљари во понеделникот вечерта дополнително ги засили шпекулациите дека враќањето е прашање на време, а сега се откриваат и детали во која улога Тоти би се врати.
Најавите се дека би добил амбасадорска улога во клубот. Тој би ја претставувал Рома на меѓународната сцена, би учествувал во промотивни активности и би бил едно од заштитните лица на клубот, особено во пресрет на големиот јубилеј, 100 години од основањето на Рома во 2027 година.