Српскиот фудбалер, Душан Тадиќ кој се најавуваше како засилување за Црвена Звезда, кариерата сепак изгледа ќе ја продолжи во Обединетите Арпаски Емирати.
Според информациите на медиумите во оваа земја, Тадиќ ќе стане нов фудбале на Ал Вахда.
Информациите се дека ќе потпише догово на една година со можност за продолжување на соработката до летото 2027 година.
Тадиќ во изминатиот период се поврзуваше со враќање во татковината, прво во Војводина, а потоа и во Звезда, но сепак тоа нема да се случи. Се шпекулираше и за преселба во Атлетико Мадрид или Бенфика, меѓутоа овие клубови веројатно не можеа д му обезедат договор како Ал Вахда.
Ал Вахда е клуб кој четири пати ја освојуваше титулата во ОАЕ, но последен пат тоа беше во 2010 година.