2,2K
Според информациите на шпанските медиуми, Војчех Шчесни донел одлука да ја продолжи својата кариера во Баселона.
Полскиот чувар на мрежата наводно прифатил да седне на преговори со клубот за продолжување на соработката.
Исто така се наведува дека и двете страни се согласни тој да остане во клубот до 2027 година, но да потпише договор 1+1. Тоа значи дека автоматски би добил дополнителна година во случај да исполни одредени клазули.
Ќе потсетиме, Шчесни минатото лето се прости од фудбалот, меѓутоа по повредата на Марк Андре Тер-Штеген Барселона го убеди да се врати.
Ова значи дека Тер Штеген и Шчесни и наредната сезона ќе се борат за местото помеѓу стативите, додека се очекува Пења да ја напушти Каталонија.