Шпанскиот гигант Реал Мадрид и Борнмут постигнале конечен договор околу трансферот на младиот дефанзивец Дин Хујсен, пренесува Фабрицио Романо. Англискиот клуб ја прифати понудата вредна 50 милиони фунти, а клаузулата треба да биде целосно исплатена до крајот на 2026 година.
Сега останува само да се добие финалното „зелено светло“ од страна на фудбалерот и неговиот табор, откако понудата му била испратена претходно во текот на денот. Но, се очекува да нема проблеми бидејќи е познато дека Реал Мадрид е голема желба на младиот дефанзивец.
Овој трансфер претставува голем потег за мадридскиот клуб, кој ја продолжува стратегијата за вложување во млади и перспективни фудбалери, со цел да ја обезбеди иднината на тимот на „Сантијаго Бернабеу“.