Готово: Позната иднината на Ван Дајк!

by Стефан
1 минути читање

Eден од најдобрите фудбалери во редовите на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк наскоро ќе стави потпис на нов договор најавуваат медиумите на Островот.

Информациите кои доаѓаат од Англија е дека се е договорено и преостанува само потписот.

Договорот кој ќе го потпише Холанѓанецот ќе биде со важност до 2028 гпдина и така би комплетирал една деценија на „Енфилд“. Ќе потсетиме во Ливерпул Ван Дајк пристигна од редовите на Саутемптон во 2018 година.

По завршувањето на договорот Ван Дајк би имал и 37 години, па не е исклучена можноста во Ливерпул и да ја заврши кариерата. Во Ливерпул Ван Дајк освои вкупно осум трофеи, а помеѓу нив по еден во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани