Готово: Ериксен го избрал новиот клуб!

by Стефан
1 минути читање

Данскиот ветеран Кристијан Ериксен е на чекор до ново поглавје во својата кариера и тоа во Германија каде што би можел да заигра за првпат во кариерата.

Според информациите од германските медиуми, офанзивниот фудбалер за врска постигнал договор со Волфсбург, а официјализацијата на трансферот се очекува наскоро. Ериксен е слободен агент откако летово се раздели со Манчестер јунајтед.

Во дресот на „црвените ѓаволи“ одигра 107 натпревари, постигна осум гола и запиша 19 асистенции. Со клубот од „Олд Трафорд“ успеа да ги освои ФА Купот и Лига Купот на Англија.

Низ кариерата Ериксен досега настапуваше уште во: Ајакс, Тотнем, Интер и Брентфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×