68
Сагата околу напаѓачот на Челси, Диего Коста е завршена,
за ова излезе и потврда од самиот клуб од Лондон кој на својот официјален
клупски сајт објави дека Шпанецот е нов фудбалер на Атлетико Мадрид.
Сево ова доаѓа по само три дена откако Јорганџиите ја испратија финалната понуда до Челси во преговорите за Коста.
Преостануваат само лекарските прегледи и официјално Коста
да биде промовиран во старо-нов фудбалер на шпанскиот прволигаш каде имаше
одличен период.
Со оглед на забраната која ја има Атлетико Мадрид во
однос на регистрирањето ан фудбалери, Коста за настап ќе почека до стартот на
следниот преоден рок, поточно во јануари.