Гостувањето кај Башкими сериозен предизвик за Вардар

by 24 фудбал
1 минути читање

Башкими во рамките на осмото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе го дочека Вардар.

Натпреварот во Куманово предизвикува внимание, а своите очекувања од дуелот со најтрофениот ги сподели искусниот напаѓач Марко Симоновски.

Пред сè, се надевам на добар и квалитетен натпревар. Играме на домашен терен, што ќе ни даде дополнителен мотив за позитивен резултат пред нашата публика. Покажавме дека имаме квалитет да бидеме во горниот дел од табелата, со млади играчи кои се желни за успех. Вардар е добра екипа со квалитетни поединци, а тоа за нас е само дополнителен мотив“, изјави Симоновски.

Од друга страна, на претпазливост повика и Михаил Маневски. Бекот на Вардар нагласи дека сите во тимот се свесни од сериозноста на ова гостување во Куманово.

Точно е, Куманово и Башкими се сериозно гостување во моментов. А, каде тоа Вардар поминал лесно? Никаде. Секаде каде што гостуваме, домаќинот е максимално мотивиран, трибините се полни, атмосферата е на високо ниво. Вардар е во прашање и така треба да биде. Ние, од друга страна, сме свесни за сето тоа и се подготвуваме максимално за денешниот меч. Нема што премногу да се дискутира, концентрација и максимален влез во мечот од првата минута. Вардар и денеска, како и на сите натпревари што поминаа или што следуваат, оди на победа и на три бода. Тоа е единствената опција за Вардар“, изјави левиот бек на „црвено-црните“.

Натпреварот Башкими – Вардар ќе се одигра на стадионот во Куманово, со почеток во 15:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×