Гостивар се раздели со еден од најдобрите, среде сезона заминува Алдаир Џало

by 24 фудбал
1 минути читање

Гостивар објави дека среде сезона ја прекинува соработката со една од скапите ѕвезди кои пристигнаа минатото лето.

Од клубот заминува Алдаир Џало, 33-годишниот Гвинеец кој има и португалски пасош и игра на левата крилна позиција. Тој сезонава одигра 23 официјални натпревари за Гостивар, постигна четири гола и подели три асистенции, меѓутоа веројатно е во групата играчи со кои управата влезе во „војна“.

Сопственикот им замери на своите најплатени фудбалери за незалагањето, па Џало е трет играч кој замина по македонските играчи Марко Симоновски и Костадин Чешмеџиев.

Минатото лето Алдаир Џало дојде и се очекуваше да биде огромно засилување за прволигашките стандарди во Македонија. Сепак, еден од најплатените во мак-фудбалот не покажа премногу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани