228
Македонскиот прволигаш Гостивар потврди големо засилување во раководните структуи, легендата на Лил и Фенербахче, Муса Со ќе биде нов спортски директор.
Гостивар стана познат по тоа што редовно реализира трансфер бомби и носи звучни имиња во ПМФЛ.
Клубот попладнево потврди ново големо засилување, но овој пат во раководните структури.
Нов спортски директор на Гостивар ќе биде Муса Со, кој е легенда на Лил и Фенербахче, со кои има титула во француската Лига 1 и турската Суперлига.
„Му посакуваме топло добредојде и ја поздравуваме неговата одлука да ни се приклучи на нашето патување“ – се вели во дел од соопштението на Гостивар.