Гостивар ќе се засили со напаѓач вреден 700.000 евра кој играл за Лидс

by riste
1 минути читање

Ли Ирвин треба да стане првиот Шкотланѓанец кој играл во Првата македонска фудбалска лига доколку се остварат најавите за негов трансфер во Гостивар.

Се работи за 30-годишен напаѓач кој во есенската полусезона играше за Хелсинки со кого настапи и во Конференциската лига, постигна три гола против Клаксвик од Фарски острови во ова натпреварување.

Претходно, освен во шкотското првенство, настапувал и во Либан, Иран и неколку англиски клубови од кои најпознат е Лидс Јунајтед чиј член бил во сезоната 2015/16, во Чемпионшип дивизијата.

Ли Ирвинг веќе е во тренинг кампот на Гостивар во Хрватска. Се очекува наскоро да потпише за македонскиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани