Гостите ги донесоа бодовите на трите натпревари од 15 часот во Премиерлигата, до важни победи стигнаа Челси, Астон Вила и Нотингем Форест.
Челси се врати во топ четири откако попладнево со 1-3 славеше на гостувањето кај Кристал Палас, кој продолжува да тоне, „орлите“ не знаат за победа на 11 натпревари во низа.
Естевао го отвори резултатот во 34. минута, Жоао Педро зголеми на 0-2 на стартот од вториот дел, а дилемите ги реши Енцо Фернандез со гол од пенал во 64. минута. Домаќините само го ублажија поразот во завршните мигови, Ричардс го постигна почесниот гол.
Астон Вила со 0-2 го доби дербито со Њукасл, Буендија донесе предност од 0-1 во 19. минута, а Воткинс во завршницата реализираше со глава за конечни 0-2.
Доминацијата на гостите ја заокружи Нотингем Форест со триумф од 0-на гостувањето кај Брентфорд и важни три бода во борбата за опстанок.
ФОТО: X/Chelsea FC