Гостинските дресови на Милан за идната сезона инспирирани од победите во Лигата на шампионите (ФОТО)

by
1 минути читање

Тимот од Милано
се очекува во следниот период да ги презентира новите дресови за следната
сезона кои претежно ќе бидат користени на натпреварите на гостински терен.

Италијанските
медиуми пренесуваат дека инспирација за изгледот на втората гарнитура на
дресови за идната сезона е големиот успех за Милан во сезоните 2002/03, односно
2007/08 кога тимот од Милано го подигна победничкиот трофеј во елитното
европско клупско натпреварување.




Во сезоната
2002/03 Милан во големото финале беше подобар од Јувентус на пенали, откако
мрежите мируваа во регуларните 90 минути игра. Во сезоната 2006/07 пак,
калчолигашот со 2-1 беше подобар од Ливерпул.

Пред извесен период презентирани беа дресовите кои Милан ќе ги користи претежно на домашните натпревари за идната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани