Господски потег на Лапорта: Фудбалерот кој го чека долга пауза добива нов договор!

by Стефан
1 минути читање

И покрај сериозната повреда поради која ќе отсуствува подолг период, Барселона нема намера да се откаже од данскиот стопер Андреас Кристенсен.

Првиот човек на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта според последните инфоррмции испратил јасна порака дека клубот стои зад фудбалерот и во тешки моменти, ветувајќи му нов договор.

Кристенсен влезе во последната година од актуелната соработка со Барса, а неговата иднина требаше да зависи од формата и учинокот оваа сезона. Сепак, според информациите, Лапорта не сакал Данецот да остане во неизвесност додека се рехабилитира.

Планот на Барселона е да му понуди продолжување на договорот за уште една сезона, а по истекот на тој период конечната одлука за понатамошната иднина ќе биде оставена на самиот Кристенсен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×