Џенаро Гатузо во петокот ја официјализираше разделбата со репрезентацијата на Италија, тренерот не сакал ниту евро отштета само за да има пари за неговите помошници и нивните семејства.
По поразот од Босна во баражот за Светското првенство и новиот голем неуспех, почнаа неколку откази во Италија.
Првиот човек на Фудбалската федерација, Габриеле Гравина се повлече од функцијата, си замина и легендарниот Џиџи Буфон од позицијата шеф на делегацијата, а збогум кажа и селекторот Џенаро Гатузо.
Како што пренесува Кориере дела Сера, уште во Зеница било јасно дека Џенаро Гатузо ќе замине, но биле потребни неколку дена за да се испеглаат деталите.
Џенаро Гатузо не сакал никаква компензација, односно парите кои му следувале за договорот валиден до 20. јули (денот по финалето на Светското првенство).
Но тој инсистирал во целост да бидат исплатени луѓето од неговиот персонал, да не им се нанесе финансиска штета на нивните семејства.