Господски потег на Аморим: Од свој џеб ќе плати за 30 вработени на Јунајтед да го гледаат финалето во ЛЕ

by bojan
1 минути читање
Аморим

Медиумите од Англија пишуваат за господски потег на Рубен Аморим, тренерот од свој џеб ќе плати за 30 вработени на Манчестер јунајтед, заедно со нивните пријатели или семејства, да го гледаат финалето во Лига Европа на „Сан Мамеш“ во Билбао.

Сер Џим Ратклиф и неговите соработници удрија на кратење оваа година, па клубот од Олд Трафорд сега повлече уште еден непопуларен потег и одби да обезбеди бесплатни билети за вработените за финалето во Лига Европа, најголемиот натпревар на Манчестер јунајтед оваа сезона.

По ваквата одлука на раководството, на сцена стапил Рубен Аморим, кој од сопствен џеб ќе плати за околу 30 вработени од неговиот тренерски персонал, физиотерапевти и помош персонал во живо да го следат натпреварот на Сан Мамеш во Билбао.

Секој од овие 30 вработени со себе ќе може да поднесе уште двајца пријатели или лица од семејството.

Рубен Аморим на овој начин сака да им се заблагодари за придонесот во овие тешки шест месеци за Португалецот на кормилото на „ѓаволите“.

За разлика од политиката на штедење која ја применува Манчестер јунајтед, ПСЖ реши да плати билет за сите 600 вработени да го следат финалето против Интер во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×