Нови детали од судскиот процес на Кристијано Роналдо. ЦР7 на едно од рочиштата се пожалил дека е прогонуван само поради неговиот статус на ѕвезда и играч на Реал Мадрид.
Судијата веднаш го отфрлил ваквото тврдење, а покус не останал ниту државниот обвинител, кој го пецнал Португалецот.
Ел Мундо пренесува дека обвинителот му се обратил на фудбалерот и му рекол: „Господине Роналдо, инспекторите кои ги напишаа извештајот се фанови на Реал Мадрид и уживаат во вашите голови“.
Во меѓувреме, медиумите од Шпанија пишуваат дека следниот месец пред судот ќе се појави и агентот на играчот, Жорж Мендеш како и уште двајца советници, Карлос Осорио и Луис Кореиа.
Кристијано Роналдо е обвинет дека со креирање на бизнис структура ги прикрил приходите од имиџ правата и затаил данок од 14,7 милиони евра.