82
Неуморниот
работник од средниот ред на „Сините“, Нголо Канте минатиот месец доби признание
за одличните партии и од своите колеги беше прогласен за Фудбалер на Годината
во Премиерлигата пред офанзивците Еден Азар, Алексис Санчез, Златан
Ибрахимович, Хари Кејн и Ромелу Лукаку.
Французинот сега
ги обедини наградите, откако и во изборот на новинарите тој е прогласен за
Фудбалер на Годината.
До новото
признание, Нголо Канте стигна пред соиграчот Еден Азар и Деле Али од Тотенхем.
„Чест ми е што ја
добив оваа награда” –
вели играчот на Челси.
„Ова е навистина
горд момент во мојата кариера, покрај толку многу одлични играчи во Челси и
Премиерлигата, новинарите мене ме одбраа за Фудбалер на Годината”.