Горан Симов ќе го спасува велешки Борец во ВМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Горан Симов се враќа во тренерските води и ќе го води славниот велешки Борец.

Второлигашот се обидува да се стабилизира и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во ВМФЛ. Тоа ќе го направи со Симов на клупата, кој како тренер има солидна кариера.

Поранешниот голман тргна во тренерска кариера водејќи го Силекс, потоа имаше авантура во Вардар, а ја предводеше и Македонија Ѓорче Петров. Најголемиот успех го имаше во 2021 година кога со Силекс го освои трофејот во Купот на Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани