Откако не успеа да се договори за трансфер во Кипар, Горан Попов се врати во Вардар. Тој требаше да го раскине договорот со македонскиот шампион, но тоа нема да се случи. Сергеј Самсоненко изразил желба поранешниот македонски репрезентативец да продолжи да игра.
„Едноставно не можев да го одбијам Сергеј, имам високо мислење за него и затоа се вратив во клубот од каде искрено не ни заминав. Со документите се е во ред бидејќи имав само усмен договор за раскин со Вардар“ – изјави Попов за „Македонски спорт“ кој ја пренесе веста за негово враќање.
По крајот на вчерашниот меч, Горан Попов влезе на теренот со останатите играчи на Вардар и продолжи да ја слави победата во соблекувалната.
Тренерот на Вардар, Чеде Јаневски како селектор на Македонија го избрка Попов од националниот тим поради недисциплина. Двајцата сега повторно ќе соработуваат, останува да видиме дали нивниот однос е вратен во нормала.