Горан Пандев промовиран во амбасадор на УЕФА Суперкупот

by
1 минути читање

Горан Пандев кој со Интер настапи на УЕФА Суперкуп натпревар, ќе биде амбасадор на овој голем меч кој оваа година ќе се одржи во Скопје.

„Чест ми е што ќе бидам амбасадор на овој голем спортски настан, горд сум што ќе бидеме домаќини на еден ваков спектакл на кој ќе играат двете најдобри екипи во Европа“ – изјави Горан Пандев на денешната прес конференција.

„Мојата желба е да ги видиме Манчестер јунајтед како претставник на Лига Европа и Јувентус или Барселона од Лигата на шампионите“.

УЕФА Суперкупот во Скопје ќе се одржи на 8. август на Арената „Филип Втори“.

Ристе Ѓорѓиевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани