Горан Пандев ќе добие нов договор од Џенова

by
0 минути читање

Капитенот на македонската репрезентација планираше кариерата да ја заврши оваа сезона по крајот на Европското првенство.

Негова желба беше да заигра со Македонија на Европско првенство по што ќе ги „обеси копачките“.

Но одложувањето на Европското првенсто за 2021 ќе го пролонгира и крајот на кариерата на Горан Пандев за една година.

Иако важи за ветеран, Горан Пандев е најдобар играч на Џенова оваа сезона, па клубот планира да му понуди уште еден едногодишен договор на Македонецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×