Големо засилување за ЖФК Љуботен: Пристигна репрезентативка на Црна Гора

by Стефан
1 минути читање

Oд редовите на ЖФК Љуботен преку клупските мрежи информираа дека се засилуваат со Црногорката Тања Маласиа.

Во редовите на Љуботен Маласиа пристигнува од Динамо Москва и таа е актуелна репрезентативка на Црна Гора. Од редовите на Љуботен најавуваат дека ќе биде вистински столб на одбраната.

Се очекува таа да биде големо засилување и да помогне во амбициите на Љуботен кој се наоѓа на третото место на табелата со 31 бод и натпревар помалку од првопласираната Тиверија Струмица која има 37 бода, додека на втората позиција е ЖФК Каменица Саса со 33 освоени бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани