Гонзало Гарсија е херојот на Реал, хет-трик за убедлива победа над Бетис! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид ја одигра најдобрата партија оваа сезона, а во центарот на вниманието беше Гонзало Гарсија кој постигна хет-трик, кралскиот клуб го победи Бетис со 5-1.

Поради повредата на Мбапе, Гарсија доби шанса од првата минута и максимално ја искористи покажувајќи дека неговите блесоци на Светското клупско првенство не беа случајни.

Првиот гол Гарсија го постигна во 20. минута за водство на Реал Мадрид од 1-0. Со тој резултат заврши првото полувреме.

По пет минути игра во вториот дел Гарсија зголеми на 2-0.

Само шест минути подоцна Асенсио даде гол за веќе убедлива предност од 3-0.

Во 66. минута Бетис преку Кучо Ернандез намали на 3-1 за каква таква надеж, но таа згасна во 82. минута кога Гарсија го комплетираше хет-трико погодувајќи за 4-1.

Конечните 5-1 ги постави Фран Гарсија во судиското продолжение од мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×