Голови на Влаховиќ, Кејн, Левандовски и рекордна побада на Барселона носат коефициент 11

by bojan
3 минути читање
Левандовски

24фудбал прави анализа на неколку натпревари од денешната понуда на натпревари за обложување, и одбра четири типови кои во обложувалницата Моцарт носат коефициент 11.

Џенова – Јувентус: Влаховиќ да постигне гол со 2,30

Јувентус на три натпревари во низа во Серија А одигра 0-0, па време е да се прекине црната низа. Пред избраниците на Тијаго Мота е гостување кај Џенова, која оваа сезона веќе покажа дека може да им ги помати сметките на фаворитите, одигра 2-2 против Интер и 1-1 против Рома. Доколку „старата дама“ сака добар резултат, ќе мора да ја затресе противничката мрежа, а задолжен за тоа ќе биде Душан Влаховиќ, од кого се очекува многу во продолжението од сезоната.

Баерн Минхен – Баер Леверкузен: Кејн да постигне гол со 1,80

Дербито на 5. коло во Бундеслигата се игра на „Алианц Арена, Баерн Минхен го пречекува актуелниот шампион Баер Леверкузен. Домаќините ќе сакаат одмазда откако минатата сезона потфрлија, и славје над „фармацевтите“ ќе биде потврда за добриот старт оваа сезона. На последните три натпревари, Баерн Минхен постигна дури 20 погодоци, па за очекување е стрелците и попладнево да бидат на висината на задачата, секако Кејн е главната закана по голот на противникот.

Осасуна – Барселона: Левандовски да постигне гол со 1,85

Роберт Левандовски одлично ја отвори новата сезона, на дури пет од седум натпревари ја тресеше противничката мрежа, и зад своето име веќе запиша 7 погодоци. За очекување е Полјакот да ја потврди голгетерската форма и вечерва против Осасуна, противник на кого му има дадено два гола на пет натпревари.

Осасуна – Барселона: 2 со 1,52

Ханси Флик вечерва ќе го брка рекордот на Тата Мартино од 2013/14 кога Барселона нареди осум победи на стартот од сезоната. Германецот можеби нема играчи како тој тим на „каталонците“ со Меси, Нејмар, Алексис Санчез, Чави, Иниеста, Бускетс, Маскерано, Фабрегас, Пике, Дани Алвеш и уште многу други, но одлично ги склопи коцките и бележи добри резултати. Осасуна оваа сезона се уште нема загубено на домашен терен, по ремито на стартот, нанижа три победи, но се чини дека вечерва ќе се помири со прв пораз, а гостите ќе се радуваат на победа и испишување историја.

Вкупниот коефициент на овие четири типови во обложувалницата Моцарт е 11,64 и со уплата од 10 евра, ви носи исплата од 116,4 евра.

Обложувалницата Моцарт исто така за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани