Голот со пета за Џенова не беше доволен, Наполи со пресврт до три бода (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Наполи со пресврт славеше победа над Џенова од 2-1 во рамките од шестото коло во италијанската Серија А.

Џенова беше прва која дојде до водство и тоа со еден мајсторски гол на Екатор кој ја погои мрежата на домаќините со пета по уфрлувањето од Нортон-Куфу. Со предност гостите заминаа и на паузата.

Наполи до израмнување дојде во 57-та минута кога Ангуиса стрелаше за 1-1. Не застана тука фаворитот и со голот на Наполи на 15-тина минути до крајот направи целосен пресврт.

За Наполи ова беше петти триумф во сезоната, а до него дојде по поразот од Милан во дербито минатото коло. Со 15 бода избраниците на Конте се лидери, толку има и Рома, одека Милан и Интер се на 12. „Росонерите“ вечерва од 20:45 часот го играат дербито со Јувентус.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кај Наполи не доби шанса и натпреварот го помина на клупата за резерви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×