Голот на Пандев недоволен, Палермо со победа ја одложи преселбата во Серија Б (ВИДЕО)

by
2 минути читање

На дуелот со
Киево, Горан Пандев беше стартер и на укажаната доверба Македонецот одоговори
со гол.

Напаѓачот кон
финишот на првиот дел од пет метри биеше неодбраливо под пречката по една
вратена топка на Лаксалт.

Но гостите
направија пресврт во продолжението од средбата.

Бастиен изедначи
на 1-1 по еден час игра, а Бирса во 70. минута погоди за 1-2.


Палермо пред
своите фанови славеше во дуелот со Фиорентина со 2-0 и математички ги задржа
шансите за опстанок.

Клубот на Илија Несторовски и Александар Трајковски на четири кола до крајот
има 10 бода помалку од позицијата која носи останување во Серија А.

Диаманти во
првиот дел и Алесами во завршницата донесоа победа. Несторовски беше стартер а
Трајковски не доби шанса.


Кротоне беше на
добар пат да го шокира Милан, но „Росонерите“ не дозволија пораз.

Трота ги донесе
домаќините во предност од 1-0 во 8. минута, а Палета на стартот од вториот дел
изедначи на 1-1.

Болоња со 4-0
славеше над Удинезе, Каљари со 1-0 ја совлада Песакра, а Сасуоло на гости со
1-3 го доби Емполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани