Голот на Пандев донесе „мајтап“ на сметка на Интер и Андре Силва (ФОТО)

by
1 минути читање

Синоќа Џенова славеше
победа на гостувањето кај Лацио со 1-2, а првиот гол за гостите, против својот
поранешен клуб го постигна нашиот Горан Пандев кој и на 34 години умее со
фудбалската топка.

На социјалните мрежи
сепак неговиот гол донесе шега на сметка на Интер, но и на напаѓачот на Милан,
Андре Силва.

Горан Пандев близу
своето пензионирање се уште игра подобро отколку целиот напад на Интер
“ напиша
еден фудбалски фан.

Дури и Горан Пандев има
повеќе голови во однос на оваа ѕвезда
“ напиша друг мислејќи на Андре Силва,
напаѓачот на Милан кој нема постигнато гол во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×