Голот на Халанд против Брајтон е историски!

by 24 фудбал
1 минути читање

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд забележа јубилеј, бидејќи стигна до комбинација од 100 голови и асистенции Премиер лигата.

Напаѓачот на Манчестер Сити го реализира пеналот против Брајтон во 11. минута и го отвори резултатот на средбата од 29. коло.

Овојгол на Халанд во Премиер лигата е историски. Имено, Норвежанецот е фудбалер кој најбргу во кариерата стигнал до комбинацијата од 100 гола и асистенции во елитниот англиски ранг на фудбалот.

За да постигне троцифрен број голови на Халанд му беа потребни 94 натпревари, а досега има 84 погодоци и 16 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани