Голот на Елмас не беше доволен за победа, Торино ремизираше против Парма (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стрелец во денешниот натпревар за Торино кој заврши без победник 2-2.

Елмас погоди за водство на Торино во 19. минута, но неговиот гол не беше доволен Торино да слави. Преостанатите три погодоци се постигнаа во вториот дел. За Елмас ова беше трет гол во четири одиграни натпревари.

Пелегрини израмни по еден час игра, а Елмас на теренот беше до 69. минута. Торино го врати водството со голот на Адамс, меѓутоа Пелегрино постигна и втор гол за конечни 2-2.

Со реми заврши и вториот натпревар во истиот термин помеѓу Комо и Венеција (1-1).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани