Македонската фудбалска репрезентација пропушти да ја победи Словенија во денешниот пријателски меч, имавме водство се до последните моменти од мечот кога примивме гол.
По повеќе од година и пол имаше и публика на стадионот па македонските фудбалери можеа да ја почувствуваат поддршката од публиката пред да заминат за Романија.
Првото полувреме не изобилуваше со шанси, се играше претпазливо од двете страни, по една полушанса имаа Пандев и Иличиќ.
Вториот дел беше поинаков, Македонија нападна, а тоа вроди со плод уште во 55. минута кога по центаршут на Алиоски, Елмас постигна гол за водство на нашата репрезентација од 1-0.
Откако го дадовме голот, селекторот Ангеловски почна со измените, имавме уште неколку шанси преку Тричковски и Алиоски, но не постигнавме нов гол.
Бевме подобар противник од Словенија и требаше да победиме, но невнимание во финишот и примивме гол, Домен Чрнигој ја закова топката во нашиот гол во 97. минута.
Следниот натпревар кој е и последен пред заминувањето на Европското првенство го играме против Казахстан во петок од 18 часот.