Ланецот
продавници за техника, Крејфел имаше интересна акција пред почетокот на
Светското првенство и вети дека ќе им ги врати парите на сите оние кои ќе купат
телевизор поголем од 55 инчи (во период од 26. април до 17. јуни), доколку
Белгија во Русија постигне повеќе од 15 погодоци.
Голот на Азар во
82. минута од мечот со кој „Ѓаволите“ ја осигураа бронзата беше погодокот број 16,
па фудбалерот на Челси ќе ја чини компанијата неколку милиони евра бидејќи се
шпекулира дека биле купени дури 5.000 телевизори за време на акцијата.
„Успеавме:
Подготвени сме да им вратиме пари на илјадници луѓе кои купија телевизор“ – гласеше
твитот на Крејфел.
Запрашани дали
жалат за акцијата, од компанијата велат: „Не баш, уште пред да почнеме со
акцијата претпоставувавме дека Белгија ќе постигне 16 погодока. Оваа акција е
дел од нашата стратегија, сакавме да направиме нешто уникатно и успеавме. Дури
и Дрис Мертенс сакаше неговите пријатели да си ги рефундираат парите за
купениот телевизор“.
Според ордени
извори, луѓето од Крејфел даваат вакви изјави бидејќи не превземале голем ризик откако се
осигурале и тоа кај осигурителна компанија од Британија, која сега ќе треба да
ги враќа парите.