Одличниот гол
првенец за нашиот репрезентативец во дресот на Лидс јунајтед е прогласен за гол
на викендот во второлигашката конкуренција на Англија, за тоа стигна и потврда
од официјалните канали на социјалните мрежи на оваа лига.
„Одличен начин за
да обезбедите три бода далеку од дома… Голот на викендот оди за фудбалерот на
Лидс јунајтед, Езгјан Алиоски“ напиша „Скај Бет Чемпионшип“.
Лидс јунајтед
славеше со 0-2 на гостувањето кај Нотингем во Чемпионшип дивизијата на Англија
овој викенд, а вториот гол со кој се потврди победата на гостите беше дело на
нашиот Езгјан Алиоски, кој погоди на мајсторски начин а предизвика експлозија од радост на трибината на која беа сместени фановите на неговиот тим.
Голот на Алиоски
е одлично дело, а во продолжение можете да ги
проследите реакциите на фановите на Лидс јунајтед.
„Не е лошо да го
постигнеш првиот гол на ваков начин…“
„Чемпионшип,
имате од што да стравувате, тој е одличната зделка“
„Македонскиот
Робен“
„Куршум“
„Јас
сум фан на Лидс јунајтед но мразам кога некои стануваат вознемирени за ништо.
Ова беше просечен гол, но дефинитивно најдобриот овој викенд“