280
Екипата на Македонија Ѓорче Петров, вечерва го потврди четвртото засилување во своите редови и тоа е голманот Ристо Јанков кој пристигнува по истекот на договорот со Шкендија.
Јанков пристигнува со големо искуство зад себе во Македонија каде што беше дел од Работнички, Локомотива, Брегалница и Тиквеш, а бранеше и надвор од границите на нашата земја во Каспиј од Казахстан и Поли од Романија.
Пред Јанков клубот го потврди ангажманот на: Дарко Глишиќ, Мартин Талаков и Мухамед Елмас.
Македонија Ѓорче Петров во наредната сезона повторно ќе настапува во Првата лига откако во изминатата се натпреваруваше во второлигашка конкуренција.