133
Јувентус си замине со три бода од гостувањето кај Удине, домашниот голман си даде автогол, во листата на стрелци се запиша и младиот Николо Савона.
„Старата дама“ им се врати на победите, вечерва славеа против Удинесе со 0-2.
Резултатот беше отворен во 19. минута, Турам ја погоди стативата а одбиената топка од грбот на голманот Окоје заврши во мрежата.
Во 37. минута, Јилдиз исто така ја погоди стативата, а прв до одбиената топка стигна младиот Савона, кој прецизно биеше по земја за 0-2.
Во продолжението од мечот, Удинезе имаше поништен гол, домаќините ја стресоа и пречката, а во финишот од мечот лесно можеше Јувентус да дојде до 0-3, но Копмајнерс биеше многу лошо од изгледна позиција.