Голманот на Трабзонспор сакаше да изведе пенал: Не му дозволија ниту неговите соиграчи, ниту противниците (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eдна необична ситуација видовме во турското првенство во натпреварот помеѓу Трабзонспор и Сиваспор во рамките од 20. коло во турската Суперлига.

Голманот на Трабзонспор Угурчан Чакир сакаше да изведе пенал, но тоа не му го дозволија ниту неговите соиграчи, ниту противниците.

Трабзон доби најстрога казна во 46. минута, а Чакир веднаш тргна кон противничкиот казнет простор со намера да го изведе. Сепак, тренерот Шенол Ѓунеш заедно со останатите фудбалери на теренот од двете екипи не му дозволија да шутира.

На крајот фудбалерот кој ја презема одговорноста не реализираше. По натпреварот беше откриено дека сакал да го изведе пеналот поради раѓањето на неговата ќерка на која сакал да и го посвети погодокот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани